Македонец заработи кривична поради присвојување „Ферари“
14.09.2015 12:54
Луксузниот автомобил го изнајмил од швајцарска компанија и требало да го управува на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија...
Македонец заработи кривична пријава бидејќи си присвоил „Ферари“. Луксузниот автомобил го изнајмил од швајцарска компанија и требало да го управува на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија.
Наместо да го врати по истекот на рокот, 25-годишникот од Македонска Каменица се вратил со Ферарито во Македонија.
Полицијата го товари дека на швајцарската компанија и причинил штета од над 70 илјади евра.
