Во Египет по грешка убиени 12 туристи

14.09.2015 13:31

Убиени се дванаесетмина Мексиканци, а ранети се десет Мексиканци и Египќани, соопшти египетскиот министер за внатрешни работи...

Во текот на антитерористичката акција во западниот дел на Египет, по грешка се убиени туристи кои биле во конвојот возила кон кој пукале египетските безбедносни сили, јавуваат британските медиуми.

Убиени се дванаесетмина Мексиканци, а ранети се десет Мексиканци и Египќани, соопшти египетскиот министер за внатрешни работи.

Војската била во потрага по терористи на тоа подрачје кога по грешка нападнале конвој од 4 возила во кои се превезувале туристите.

Според египетското министерство туристите се нашле на место на кое не смееле да бидат. Ранетите туристи се сместени во болница.

Мексиканскиот претседател на својот твитер профил го осудил нападот и побарал итна истрага.