САД: Отстранета закана по живот пред посетата на папата Франциск

14.09.2015 13:37

Американските власти се загрижени поради оваа посета, затоа што папата Франциск сака да се движи меѓу луѓето кои се собрани да го видат...

САД ја отстраниле заканата за поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, кој месецов ќе го посети Вашингтон и неколку други градови, соопштува Вашингтон без да наведе детали.

Американските власти се загрижени поради оваа посета, затоа што папата Франциск сака да се движи меѓу луѓето кои се собрани да го видат.

Шефот на комитетот за внатрешна безбедност Мајкл Мекол за телевизијата Еј-Би-Си изјавил дека голем безбедносен ризик е неговата желба да влегува во масата народ и дека засега опасноста е отстранета, но се следи секоја закана со која би можеле да се соочат во текот на посетата на папата.

Папата ќе отпатува во САД на 22 септември и ќе ги посети Вашингтон, Њујорк и Филаделфија.