Утре почнува новата академска година
14.09.2015 14:12
Од УКИМ информираат дека негувајќи ја традицијата, организирано и свечено да се пречекуваат новите академски граѓани...

Од утре почнува новата академска година. На факултетите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доаѓа уште една генерација студенти, со што се означува почетокот на новата академска 2015/2016 година.
Од УКИМ информираат дека негувајќи ја традицијата, организирано и свечено да се пречекуваат новите академски граѓани, факултетите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови.
