Медведев: Народот го поддржа курсот на владата
Во неделата во Русија се одржаа регионални избори на кои граѓаните избираа 10.800 луѓе на различни нивоа, гувернери во 21 регион и 11 во локалните парламенти...

Лидерот на руската владејачка партија Единствена Русија, премиерот Дмитриј Медведев, изјавил дека резултатите на неговата партија на регионалните избори покажале дека народот и во моменти на тешка економска ситуација го поддржува курсот на владата.
Во неделата во Русија се одржаа регионални избори на кои граѓаните избираа 10.800 луѓе на различни нивоа, гувернери во 21 регион и 11 во локалните парламенти. „Изборите се само политички инструмент, важен за демократијата. Но најважно е дека во Русија победи довербата на народот кон нашата партија“, рекол Медведев во седиштето на партијата.
Лидерот Медведев рекол дека најголема задача на партијата е да ги оддржи ветувањата дадени во предизборната кампања.
Најголемиот предизвик за Кремљ доаѓа од Костром, 350 километри северно од Москва, каде што коалицијата на опозицијата РПР-Парнас има два кандидата. Тие во коалицијата што сега ја предводи Алексеј Навални, ја вклучуваат и партијата на убиениот критичар на руската влада Борис Немцов.
Опозициската либерална партија Јаблоко има 1.500 кандидати низ земјата, а еден од нив се кандидира за гувернер.
