Лондон именуваше министер за бегалци
14.09.2015 14:27
Тој во британската влада ќе биде одговорен за координација и ангажман за преселување на 20.000 Сиријци во Велика Британија...

Даунинг стрит соопшти дека именувале министер кој ќе води сметка за 20.000 сиријски бегалци, колку што се подготвени да примат од камповите на земјите што се граничат со разорената Сирија.
Кралицата Елизабета Втора со задоволство го одобрила именувањето на парламентарецот Ричард Харингтон за оваа функција. Тој во британската влада ќе биде одговорен за координација и ангажман за преселување на 20.000 Сиријци во Велика Британија.
Парламентарниот државен подсекретар е најниско од трите нивоа министри во Владата на Велика Британија, пренесува АПФ.
