Раст од 2,6% на БДП во вториот квартал
14.09.2015 14:54
Во истиот период, извозот се зголемил за 8,3 проценти, додека увозот за 2,7...

Брутодомашниот производ на земјава во вторите три месеци од годинава се зголемил за 2,6 проценти – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
По сектори, најголем раст е регистриран кај финансиите и осигурувањето од речиси 14 отсто, стручните, научните и техничките дејности, административните и помошите услужни дејности, градежништвото.
Се зголемила и финалната потрошувачка на домаќинствата, па сега во структурата на БДП учествува со 72,3 отсто.
Во истиот период, извозот се зголемил за 8,3 проценти, додека увозот за 2,7.
