Месецов почнува имунизацијата со петваленти вакцини

14.09.2015 15:15

За месец и пол само во Скопје шествалентна вакцина примиле над 660 деца. Освен локално црвенило, педијатрите кај нив не забележале други несакани реакции...

До крајот на месецов педијатрите очекуваа да почне имунизацијата со петвалентна вакцина. Тоа дава простор за воведување на новата вакцина - пнеумококната, што сега е по избор. Во текот на летото ја имаат примено речиси 40 дечиња. 50 други чекаат за вакцинација.

„Сѐ она што може да се заштити со вакцината е бенефит, бидејќи клиничките форми на пневмонија, на висока фебрилност сето тоа влијае врз растот и развојот на детето. Кај сите оние кои имаат последователни инфекции, потоа кај деца што имаат индикација, исто така, треба да ја примаат“, изјави Татјана Баевска Вучковиќ - директор на Здравствен дом Скопје.

За месец и пол само во Скопје шествалентна вакцина примиле над 660 деца. Освен локално црвенило, педијатрите кај нив не забележале други несакани реакции. Со овој вид имунизација бебињата ќе бидат заштитени од дифтерија, тетанус, хепатитис и менингитис. Со поливалентиното вакцинирање со едно боцкање најмладите се штитат од многу болести.

Досега поливалентните вакцини во земјава не можеа да се купат приватно, родителите се снаоѓаа кој како знае и умее. Некои ги носеа бебињата на вакцинација во соседството.

 

Андријана Атанасовска