Стипендии од енергетските компании за најдобрите студенти на ФЕИТ
Ова е петта генерација студенти од Електро, добитници на стипендии. Првите се веќе вработени во овие енергетски компании...

14 студенти на Електро-техничкиот факултет станаа стипендисти на најголемите енергетски компании. Покрај финансиската поддршка во ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, студентите ќе одат и на практична работа со ментори. Иако се во првата година од своите студии, на ова гледаат како почеток на нивната професионална кариера. Трите енергетски компании во идните колеги гледаат квалитетен кадар.
Ова е петта генерација студенти од Електро, добитници на стипендии. Првите се веќе вработени во овие енергетски компании. Деканот Станковски вели дека и натаму ќе продолжи плодната соработка со компаниите.
Годинава за неколку пати е зголемен бројот запишани студенти на енергетските насоки. Очекувањата се дека бројката ќе расте, поради побарувачката на овие кадри на пазарот на труд. Покрај стипендиите, беа доделени пофалници и награди за најдобрите 60 студенти од Електро.
Викторија Милевска
