Прв академски час за идните студенти
Последни подготовки пред почетокот на првиот академски час за новите студенти. Оние кои утре нема да добијат индекс, во наредните два дена можат да конкурираат на факултетите на кои има слободни места. Пред стартот на годината, во студенските домови останаа околу 1.500 легла...

На сите факултети во земјава утре ќе биде одржан првиот академски час за идните студенти. На свеченоста ќе присуствуваат и повозрасните колеги. На Филошкиот факултет утре очекуваат околу 500 студенти. И додека едните со нетрпение чекаат да седнат во амфитеатрите, другите ги завршуваат тековните обврски.
Оние кои утре нема да земат индекс, за два дена ќе можат да конкурираат на некој од факултетите каде што има слободни места.
И пред да почне новата академска година, од Министерството за образование информираат дека во државните студенстки домови останаа уште 1.564 слободни места. Од утре во наредните 10 дена студентите ќе можат да аплицираат за легло во некој од домовите.
Наташа Јанчиќ
