Мигрантската криза кулминира
Уште денеска бегалците од кризните држави ќе можат да избегнат контрола при влез од Србија во Унгарија. Од утре станува кривично дело секој илегален влез, а ќе асистира и во војската. Австрија воведува строги правила за влез. Берлин тврди дека не ја спушта рампата за нови бегалци и покрај преполнетите кампови...

Мигрантската криза достигна кулминација, земјите од Европа соочени со бранот бегалци свртеа нов лист. Унгарија од утре ја затвара границата со Србија. 4.300 војници ќе бидат распоредени, со дозвола да употребат сила доколку мигрантите нелегално влегуваат.
По Германија, која досега имаше најлиберален пристап за бегалците, и Австрија најави дека ќе воведе гранични контоли. „Ние ќе дејствуваме како Германија“, изјави австриската министерка за надворешни работи Јоана Лејтер.
„Мислам дека веднаш треба да се направи строга контрола на границите, иако на сите луѓе кои доаѓаат во земјите во Европа треба да им се обезбедат добри услови за живот. Но, оние кои доаѓаат како економски мигранти мора да се вратат. Земјите од Европа мора меѓусебе подобро да соработваат за конечно да се реши проблемот“, изјави премиерот на Данска, Ларс Расмунсен.
Но, има и противници на планот. Чешкиот премиер Соботка смета дека повторното поставување на граници нема да ја реши бегалската криза.
Во меѓувреме, пред состанокот на министрите од Еврозоната, Брисел соопшти дека земјите од Шенген во случај на вонредна ситуација можат да воведат гранична контрола најдолго шест месеци. ЕУ сака да пресели 160.000 луѓе во 22 земји-членки за да им помогне на Грција и Италија, каде што притисокот е најголем.
Марија Петковска
