Постигнат договор за специјален јавен обвинител
Катица Јанева, oбвинителката од Гевгелија, ќе биде специјален јавен обвинител. Таков договор постигнаа четирите партии по маратонските преговори што траеја до раните утрински часови...

Обвинителката од Гевгелија, Катица Јанева, ќе биде специјален јавен обвинител. Таков договор постигнаа четирите партии по маратонските преговори што траеја до раните утрински часови.
Има договор и за Закон за специјално обвинителство, а обвинителот ќе ги бира соработниците. На европскиот експерт Питер Ванхојте во последните два дена му се придружија амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли.
Неофицијално, на финалното договарање присуствувале и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Груевски и Заев.
Се очекува предлог- законот уште денеска да се најде во Собрание. Со тоа ќе се запази рокот, договорен во Пржино.
