Започна чистењето на коритото на Црна Река

15.09.2015 11:04

Со акцискиот план се предвидува да се затворат 14 поголеми пропусти, од кои 12 се во општината Прилеп, а два во Новаци и Могила...

Започнува превентивното чистење на коритото на Црна Река, долж нејзиното течение низ општините Прилеп, Новаци и Могила кои најмногу беа погодени од последните поплави.

Со акцискиот план се предвидува да се затворат 14 поголеми пропусти, од кои 12 се во општината Прилеп, а два во Новаци и Могила.

Освен пропустите, се планира да се затворат и 9-от и 10-от канал за кои е утврдено дека беа главната причина за поплавувањето. До крајот на годинава предвидено е и детално чистење за што е веќе изготвена и физибилити студија.