Охридска фирма осомничена за финансиски криминал

15.09.2015 11:57

Сопственикот на фирмата и управителот, во декември 2009-та фалсификувале фактура со вклучен ДДВ за наводно извршена набавка на опрема од скопската фирма „БЦИ-Сопиште“...

Охридската фирма „Ина трејд“ позната во јавноста како блиска до предходното раководство на Општина Охрид од Финансиската полиција е осомничена за криминал тежок околу 50 илјади евра.

Сопственикот на фирмата и управителот, во декември 2009-та фалсификувале фактура со вклучен ДДВ за наводно извршена набавка на опрема од скопската фирма „БЦИ-Сопиште“.

Фактурата никогаш не била платена од издавачот, но затоа пак ДДВ- то од над 3 милиони денари бил наплатен од државната каса, информираат од финансиската полиција.

Поради отсутност на управителот и на сопственикот, фирмата „БЦИ- Сопиште“ не вршела дејност ниту пак доставила какви било фактури спрема фирми во државава. Поради оштетување на буџетот, Финансиската полиција до охридското обвинителство против управителот и сопственикот на „Ина трејд“ поднесе кривични пријави за сторен финансиски криминал.