Пентагон: Русија гради воена база во Сирија

15.09.2015 12:36

Русија, пак, и натаму тврди дека воената опрема ја испраќа во Сирија за да и помогне на владата на оваа земја во борбата со Исламска држава...

Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис изјави дека неодамнешните потези на Русија во близина на сириското пристаниште Латакија укажуваат на тоа дека Москва планира на оваа локација да гради воздухопловна воена база.

Русија, пак, и натаму тврди дека воената опрема ја испраќа во Сирија за да и помогне на владата на оваа земја во борбата со Исламска држава.

Американските официјални претставници, исто така, стравуваат дека поддршката на Русија кон Сирија би можела да го зацврсти режимот на претседателот Башар Ал-Асад и да ги ископлицира неодамнешните напори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот.