Лајпциг: Полицијата го растури антиисламскиот протест на Пегида
15.09.2015 12:40
Дел од демонстрантите на протестот биле маскирани изјавувајќи дека се фудбалски фанови. Фрлале шишиња врз полицајците и нивните автомобили, на што полицијата одговорила со солзавец...

Полицијата во Лајпциг со солзавец и гумени палки го растури редовниот неделен протест на антиисламската организација Пегида на кој учествуваа околу 500 лица.
Дел од демонстрантите на протестот биле маскирани изјавувајќи дека се фудбалски фанови. Фрлале шишиња врз полицајците и нивните автомобили, на што полицијата одговорила со солзавец.
Околу илјада лица се собраа, исто така, во Лајпциг на контрапротест против Пегида. Дел од нив предизвикаа судири со полицијата, а ја пробија и нејзината ограда и прогласија штрајк со седење.
