Стартува примената на петовалентните вакцини

15.09.2015 13:16

Со еден убод бебињата ќе бидат заштитени од дифтерија, полио и менингитис...

Од денеска стартува примената на петовалентните вакцини. Дозите веќе се распределени до центрите за имунизација. Со еден убод бебињата ќе бидат заштитени од дифтерија, полио и менингитис.

Над илјада бебиња ја примиле шестовалентната вакцина. Боцкањата од 13 се сведени на 7. Шестовалетната содржи и хепатитис Б што ја нема кај петовалентната вакцина.

Според педијатрите до 18 месечна возраст секое бебе треба да прими две шесто и две петовалентни вакцини.