Светски ден за подигање свест за растот на децата

15.09.2015 13:23

Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања, по втор пат пат се придружува на глобалните активности за одбележување Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот...

Под мотото „Децата имаат кратко време да растат, а цел живот да живеат со резултатите“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања, по втор пат пат се придружува на глобалните активности за одбележување Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот.

„Треба да се бара од матичниот лекар редовно да ја проверуваат висината кај децата и резултатите да ги внесува во крива на раст за да процени дали има отстапување од она што е очекувано за нивната возраст“, велат од Здружението.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека следењето на растот и развојот има посебно значење во детската возраст и навременото откривање на отстапување од предвидениот раст за возраста со соодветна терапија и третман може да придонесе понатаму за правилен раст и развој на детето.

Во државава има 100 деца со нарушувања на растот кои примаат терапија целосно покриена од  државата.