Дониран бебитерм за предвремено родени бебиња на Детската клиника

15.09.2015 13:30

Ова е трета по ред донација, резултат од националната кампања која се спроведува веќе втора година...

Современ бебитерм што овозможува рамномерно распределување на температурата на предвремено родените бебиња доби Одделението за интензивна нега на Детската клиника.

„Овој кревет овозможува тие да ја чувствуваат средината како да е мајчината утроба, ќе ја чувствуваат средината како нивна и препознатлива, овозможува доволно топлина, ги мери сите витални параметри и укажува дали нешто повторно нешто се случува со новороденчето“, изјави директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.

Ова е трета по ред донација, резултат од националната кампања која се спроведува веќе втора година, а ја поддржаа голем број јавни личности, граѓани и компании.