„Звуците на Ариранг“- најкреативен документарен филм

15.09.2015 13:41

Документарниот филм „Звуците на Ариранг“ е посветен на корејскиот поет Ко Ун, добитник на наградата „Златен венец“ во 2014 година...

„Звуците на Ариранг“ на Диме Ратајкоски е добитник на престижната награда „Љубе Цветановски“ за најкреативен документарен филм.

„Љубе Цветановски не беше само колега, туку Љубе Цветановски пред се беше човек од којшто можевме да учиме за документаристиката, особено телевизиската документаристика, меѓутоа беше и синоним за тоа како се прави една телевизиска репортажа. Од Љубе Цветановски, уште ми е помило и подраго што можам да кажам дека покрај документаристиката, учевме многу за животот и неговата смисла“, изјави Ратајкоски.

Документарниот филм „Звуците на Ариранг“ е посветен на корејскиот поет Ко Ун, добитник на наградата „Златен венец“ во 2014 година. Филмот е во режија на Диме Ратајкоски, а во продукција на Македонската радиотелевизија.