Собраниска седница за законот за специјален обвинител

15.09.2015 13:33

Работните групи на политичките партии се договорија Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија да биде специјален јавен обвинител...

Собранието попладнево ја почна седница на која треба да се расправа по предлог- законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка.

Предлог-законот е поднесен од координаторите на 4-те најголеми парламентарни партии. На предлог на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број пратеници во парламентот, Советот на јавни обвинители по предлог на Собранието, без објавување на јавен оглас, го избира јавниот обвинител, со мандат од 4 години со право на повторен избор.

Собранието го утврдува кандидатот за јавен обвинител со двотретинско мнозинство и го доставува до Советот на јавни обвинители кој го избера специјалниот јавен обвинител.

Работните групи на политичките партии се договорија Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија да биде специјален јавен обвинител.