Претседателот Иванов го поздрави изборот на специјалниот обвинител
15.09.2015 14:13
Го поздравувам изборот на специјалниот обвинител и се надевам дека и другите обврски кои се произлезени од договорот меѓу политичките партии ќе бидат навреме реализирани, рече Иванов...

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Црна Гора, каде што е во официјална посета, го поздрави изборот на специјалниот јавен обвинител во Македонија.
Се надевам дека и другите обврски кои се произлезени од договорот меѓу политичките партии ќе бидат навреме реализирани и дека тогаш ќе можеме да бараме и од Европската унија да го исполни она што го ветува, односно Македонија да ја најде начин да ја напушти статус-кво состојбата во однос на нашите евроинтеграции, изјави попладнево претседателот Иванов.
