Турција: Потона брод со бегалци, 22 жртви
15.09.2015 14:27
Турската крајбрежна стража успеала да спаси 211 луѓе коишто се префрлени во Мугла, на брегот на Егејско море. Бродот испловил од турскиот брег рано во мугрите...

Најмалку 22 бегалци, меѓу кои и 4 деца се удавиле утрото во водите на југозападна Турција откако потонал бродот со кој сакале да стигнат на грчкиот остров Кос.
Турската крајбрежна стража успеала да спаси 211 луѓе коишто се префрлени во Мугла, на брегот на Егејско море. Бродот испловил од турскиот брег рано во мугрите.
Турција стана појдовна точка за бегалците од каде што заминуваат за Европа. Во Турција има згрижено 2 милиона бегалци, главно од Сирија, но има и Авганистанци.
