Македонија меѓу првопласираните во регионот според економски слободи

15.09.2015 14:52

Ја задржа оценката 7,18 на годишниот извештај што го подготвува канадскиот институт „Фрејзер“...

Македонија е меѓу првопласираните држави во регионот според еконосмки слободи. Од 156 земји во светот, позиционирана е на 60 – тото место. Ја задржа оценката 7,18 на годишниот извештај што го подготвува канадскиот институт „Фрејзер“.

Највисока оценка, десет, има за намалување на регулативните пречки за водење бизнис. Монетарната политика е високо оценета, со 8,31 за ниската стапка на инфлација.

Ниската даночна стапка се цени како одличен потег. Забелешки за правосудниот систем, заштитата на сопственичките права и независносноста на судството.

Од балканските земји, подобро пласирана е само Бугарија, Србија е на 101-то место, Хрватска на 84- тото.