Образование

Почна академската година

15.09.2015 15:21

На сите факултети во земјава одржан првиот академски час за идните студенти. Оние кои не успеаја да земат индекс, утре ќе можат да конкурираат на некој од факултетите каде што има слободни места...

Студентите се вратија во амфитеатрите, а бруцошите за прв пат седнаа во клупите. На овој септемвриски ден отвораат ново поглавје во својот живот. Меѓу нив и Мартин и Христина. Тие се одлучија за Медицинскиот факултет.

Деканот и професорите на Медицинскиот факултет за добредојде на новите колеги испратија порака зошто вреди да се студира во оваа институција. Медицинскиот факултет и годинава ги пополни слободните места.

УКИМ годинава пречека 7.000 бруцоши. Наша мисија, рече ректорот Стојковски е да создадеме кадри на кои ќе се темели иднината на земјава.

Според бројот на студенти, штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ е втор по големина во земјава. Годинава прими 3.000 бруцоши.

Првиот академски час со низа свечености беше одбележан на сите пет државни универзитети.

 

Викторија Милевска