Катица Јанева- професионалец со кредибилитет и капацитет да се справи со предизвикот
Важи за професионалец меѓу колегите. Учествувала на тренинзи и обуки во Академијата и на меѓународни семинари, а има завршено и висока обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија...

Потекнува од семејство на познат судија, своевремено претседател на Основниот суд во Гевгелија. Во 2003-та година била именувана за заменик на јавниот обвинител во Гевгелија. Потоа е именувана за јавен обвинител. Сега станува специјален. Ова е накусо бекграундот на педесетгодишната Катица Јанева.
Важи за професионалец меѓу колегите. Гевгелиското обвинителство се наоѓа под јурисдикција на скопското и не работи случаи на организиран криминал и корупција, но, Јанева се среќава во многу сложени и специфични судски случаи.
Учествувала на тренинзи и обуки во Академијата и на меѓународни семинари, а има завршено и висока обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија.
Како член на Здружението на јавни обвинители била дел од низа активности, а учествувала во подготовката на Законот за јавно обивнителство. Таа е на листата предавачи во Академијата за обука на судии и јавни обвинители за кривично материјално и процесно право.
Специјалната обвинителка Јанева ќе треба да одговори на предизвиците „Пуч“ и „Прислушување“. Јанева во имотниот лист до Антикорупциската комисија пријавила имот од над 250 илјади евра. Поседува сопствено возило како и возило, плац и земјиште на име нејзиниот починат сопруг.
Фиљана Кока
