Започна чистењето на коритото на Црна Река
По превентивните подготовки започна темелното чистење на 30 километарското корито и затворањето на дури 14 процепи од каде зимоска Црна Река ја поплавуваше Пелагонија. Со децении неисчистеното корито и густата вегетација создаваат проблеми, но од Кординативното тело вела дека ќе се користи максимално секој ден за да се одговори на поставената задача...

Тешката механизација е на терен- од битолско до прилепско започна да се чистат планираните 30 километри од коритото на Црна Река и затворање на 14 процепи од каде зимоска се полавуваше Пелагонија. Багеристите велат тешко оди. Под песокливото земјиште и на места сеушта големата влага полесната механизација пропаѓа, а густата вегетација бара потемелна интевенција во чистењето и проширувањето на коритото на реката.
„Ова темелна интервенција ќе бара поголем напор затоа што ова корито е со децении неисчистено. Вадиме од песок, калч, гранки и дури разни предмети што со години ги фрлале несовесните мештани“, вели багеристот Николче Петровиќ.
За овој зафат на распологање се ставени 500.000 евра од програмата за рурален развој и 300 тони нафта, а со по 30.000 евра ќе учествува секоја засегната пелагониска општина.
Од кординативното трело и фирмата изведувач велат ангажираната механизација ќе биде распоредена на сите критични пунктови. Приоритет ќе се даде на санацијата на 14 големи отвори на коритото на реката од каде зимоска се поплавиваше пелагониската рамница. Во моментов се затворат оштетените места на деветтиот и десеттиот одводен канал.
„Веќе имаме санирано две места од скинатите канали, а како што гледате во моментов работиме на санација друг дел“, вели инженерот во фирмата изведувач „Стендонградба“, Сашо Дојчиновски.
„Со санација на десеттиот канал сме при крај, сега одиме на деветтиот кон Могила, поточно во атарот селото Радобор од каде излевањето на водата за време на поплавите беше најголемо“, вели координаторот на Кординативното тело, Лазар Котевски.
Ако се има превид дека есенската сеидба е на прагот, неопходна е што поефикасна интервенција за помирен сон на земјоделците. Минатогодишниот е со лоши последици, 17.000 хектари поплавени површини и штета од окулу седум милиони евра врз нивните имоти.
Стевче Митревски
