„Ало докторе“ ја постигна целта

15.09.2015 16:33

За една година лекарите преку „Ало докторе“ им поделиле здравствени совети на речиси 52 илјади граѓани. Лекарте велат дека кол центарот „Ало докторе“ ја постигнал целта. Се растовари брзата помош. Службата има повеќе време за итни случаи...

На телефонската линија 15 123  најчесто се јавуваат хронично болните за совети околу терапијата која ја примаат редовно.

„Многу пати им се најдовме на помош на самохрани родители кои што во моментот не се во состојба да појдат со своето дете во некоја здравствена установа. Возрасни лица кои живеат сами. Друг момент кој што го забележиме во текот на оваа година, млади лица во доцните ноќни часови ја користат линијата 15 123“, изјави д- р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом - Скопје.   

За една година лекарите преку „Ало докторе“ им поделиле здравствени совети на речиси 52 илјади граѓани. За главоболки, покачена температура, алергиски реакции, болки во заб или во стомак.

Лекарте велат дека кол центарот „Ало докторе“ ја постигнал целта. Се растовари брзата помош. Службата има повеќе време за итни случаи.

А таму, деновиве најчесто се јавуваат граѓани кои имаат проблеми со температурните промени во септември. Само во Скопје, денеска петмина колабирале. Лекарите апелираат, да се почитуваат препораките.

„Иако не е жолта фаза температурите се високи, не сме адаптирани на овие температури бидејќи имавме многу варијации топло- ладно. Препораките треба да важат од денеска и сите да внимаваат. Содветно да се облечени, соодветно да се хранат, а особено постарите лица редовно да си ја земаат терапијата. Бидејќи овие топли денови не очекуваат до крајот на оваа недела“, изјави д-р Јованка Костова, Министерство за здравство.

Некои региони од земјава можно е во петок да бидат во жолта фаза..иако нетипично за овој период од годината, се очекува температурата да достигне 35 степени. 

 

Андријана Атанасовска