ЕУ го поздрави договорот за избор на специјален обвинител
15.09.2015 17:24
Еврокомесарот Јоханес Хан в петок доаѓа во Македонија...

Добри вести доаѓаат од Балканот- е првата оценка на Европската комисија.
„Го поздравуваме договорот што е постигнат меѓу партиите изутрината во Скопје за именување на специјалниот обвинител, важен дел од политичкиот договор. Сега очекуваме да се усвои важниот Закон за обвинителот во Собранието. Ние исто така очекуваме дека специјалниот обвинител ќе ја добие целата неопходна поддршка за извршување на важните задачи што ќе ги има“, изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија.
Еврокомесарот Јоханес Хан в петок доаѓа во Македонија.
