Катица Јанева избрана за специјален обвинител
Во согласност со процедурата, шефот на државава Ѓорге Иванов го потпиша указот за назначување на Катица Јанева за специјален јавен обвинител, потврдија за МРТ од Кабинетот на претседателот. Изборот на Јанева е договор на политичките партии. Овој предлог го утврди Собранието...

Собранието со 111 гласови ЗА и без ниту еден глас против, го донесе по скратена постапка Законот за јавно обвинителство кое ќе ги истражува случаите со незаконското прислушување. Договорот за законот и за изборот на специјалниот обвинител, Катица Јанева, 4-те големи политички партии го постигнаа по неколку часовни преговори.
Од изборот сите сите задоволни. Премиерот Никола Груевски смета дека е добро за државата што е избран специјален обвинител навреме и дека со тоа се покажува посветеноста и коректноста на владеачката партија.
„Се надевам дека и другите обврски ќе бидат навреме реализирани и дека ќе можеме да бараме и од Европската унија да го исполни она што го ветува“, коментар на претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор.
Законот и изборот на специјален обвинител се добар почеток за професионално извршување на работите, рекоа од СДСМ. Во ВМРО- ДПМНЕ, пак велат конечно ќе се врати интересот на државата наместо личниот.
Во одредбите на Законот за јавното обвинителство пропишано е дека обвинителот може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од преземањето на одреден предмет во негова надлежност.
Миле А. Ристески
