Високи цени на јаткастите плодови на пазарите

16.09.2015 10:00

Климатските услови годинава беа погодни за домашното производство на овошје. Се повеќе се барани и јаткастите плодови кои држат висока цена...

Од минатата недела на зелените пазари има богата понуда на сезонско овошје. Најзастапени се грозјето, крушите, јаболките, како и модрите сливи кои чинат од 20 до 30 денари за килограм.

Заради поволната клима, годинава  трпезното грозје е со висок квалитет. Цената на црното е од 25 до 42, а на белото до 45 денари за килограм.

Доминираат сортите Афус-Али, Кардинал, Мускат и Молдавија.

Од јаткастото овошје лешниците достигнаа цена од 1.200 денари за килограм.

Методија Трајков