Попоски и Јолевски на состанок на Советот на НАТО и РМ во Брисел
На состанокот ќе бидат претставени постигнатите резултати на Македонија во реализацијата на севкупните реформи предвидени со акцискиот план за членство во НАТО, со посебен акцент на политичко- економските и одбранбено-безбедносните постигнувања...

Министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Зоран Јолевски, денеска ќе учествуваат на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северно-атлантскиот совет на НАТО, на ниво на амбасадори на земјите-членки на Алијансата.
На состанокот ќе бидат претставени постигнатите резултати на Македонија во реализацијата на севкупните реформи предвидени со акцискиот план за членство во НАТО, со посебен акцент на политичко- економските и одбранбено-безбедносните постигнувања.
Со овој состанок ќе биде затворен 16. Циклус на имплементацијата на акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО за 2014-2015 година.
Предвидено е министрите Попоски и Јолевски да остварат средба и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
