Вицепремиерот Ставрески во посета на Прилеп

16.09.2015 11:14

Ќе присуствува на потпишување на договорот за грант меѓу Министерството за финансии и општината за изградба на сообраќајница во индустриската зона...

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе престојува во Прилеп каде ќе присуствува на потпишување на договорот за грант меѓу Министерството за финансии и општината за изградба на сообраќајница во индустриската зона. 

За време на посетата, вицепремиерот Ставрески ќе се сретне и со бизнисмени од овој крај и ќе ја посети компанијата „Конфиангел“, а попладне во општината ќе присуствува и на караванот „Купи куќа, купи стан“ каде пред прилепчани ќе бидат претставени можностите што ги нуди овој владин проект за решавање на станбеното прашање.