Мигрантите почнаа да транзитираат преку Хрватска
16.09.2015 11:02
Од ноќеска и Австрија воведе гранична контрола на границата кон Италија, Словачка и Унгарија...

Нова рута на бегалците, откако Унгарија им ги затвори вратите. Илјадници луѓе од Србија почнаа да транзитираат низ Хрватска, на патот до западноевропските земји. Медиумите во Хрватска соопштуваат дека бегалците не ја минуваат границата на легалните премини, туку преку споредни патишта.
Од ноќеска и Австрија воведе гранична контрола на границата кон Италија, Словачка и Унгарија. Австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Лајтнер ја информирала и Европската комисија.
Светската банка изрази подготвеност финансиси да помогне во справување со кризата, но очекува прво Европската унија да направи стратегија за решавање на кризата.
