За 24 часа издадени 2.107 потврди за азил

16.09.2015 12:47

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.406, од Авганистан 424, Ирак 113, додека другите се во помал број...

Во изминатите 24 часа МВР има издадено потврди на вкупно 2.107 странски државјани, од кои 1.315 се од машки пол, 299  се од женски, 401 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 92 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.406, од Авганистан 424, Ирак  113, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 16.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 79.778 странски државјани, од кои, 53.211 се од машки пол, 10.968 се од женски, 13.208 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.391 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 64.304, потоа Авганистан 5.523, Ирак 3.807, од Пакистан 2.164, Палестина 904,Сомалија 593, Бангладеж 525, од Конго 357, Иран 284, Нигерија 220, од Камерун 164,Еритреја 158, Етиопија 118, Судан 109, додека останатите се во помал број.