600 домови изгореа во пожарите во Калифорнија

16.09.2015 12:56

Во справувањето со огнената стихија се ангажирани 2.300 пожарникари, од кои неколкумина се со сериозни изгореници...

Повеќе од 600 домови изгореа во пожарот кој неколку дена беснее во Калифорнија. Властите прогласија вонредна состојба, а евакуирани се 13.000 луѓе.

Во справувањето со огнената стихија се ангажирани 2.300 пожарникари, од кои неколкумина се со сериозни изгореници.

Невреме и во американската сојузна држава Јута. Најмалку 7 луѓе го загубија животот, шестмина се водат за исчезнати  во полавите кои го зафатија регионот. Поради лошите услови спасувачките екипи ја прекинаа потрагата.