Поддршка за имплементацијата на родовата еднаквост
900 илјади евра пари од Унијата ќе се потрошат за поддршка на жените и унапредување на нивните права...

Генерално жените се недоволно вклучени во политичкиот и во општествениот живот, а тоа најмногу се гледа во средните во кои доминира албанското и ромско население. За таа цел ќе почне имплементација на проектот посветен на родовата еднаквост финансиран од ЕУ.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на промоцијата на проектот истакна дека родовата еднаквост е предуслов за постигнување социјална правда и е во интерес не само на жените, туку на целото општество.
Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека законодавството за родова еднаквост и политиките што се спроведуваат во земјава активно се ажурираат и се унапредуваат, но потребна е натамошна работа за надминување на родовиот јаз во вработувањето.
Во периодот што претстои, 900 илјади евра пари од Унијата ќе се потрошат за поддршка на жените и унапредување на нивните права.
