Штиглиц: Ситуацијата во Грција ќе се влоши дополнително

16.09.2015 13:51

Познатиот американски економист и нобелист Џозеф Штиглиц оценува дека кризата во еврозоната не е надмината и дека ситуацијата во Грција ќе се влоши дополнително, додека во други земји во криза, нештата ќе се движат малку подобро...

Наспроти неодамнешното спасување на Грција со нова финансиска помош, познатиот американски економист и нобелист Џозеф Штиглиц оценува дека кризата во еврозоната не е надмината и дека ситуацијата во Грција ќе се влоши дополнително, додека во други земји во криза, нештата ќе се движат малку подобро.

Во интервју за германскиот економски весник „Ханделсблат“ американскиот економист го критикува министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле со констатација дека политиката на штедење на крајот се покажала како фатална.