Наградени најдобрите дипломци на УКИМ

16.09.2015 14:25

Наградите се доделуваат еднаш годишно на еден најдобро дипломиран на прв циклус студии на секој факултет на Универзитетот, во секоја учебна година...

Маја Тишовска дипломирала на Филолошкиот факултет со просек десет. Вели дека во моментов ја спрема магистерската теза и е вработена, но се надева дека еден ден своето образование ќе го продолжи на еден од најреномираните универзитети во светот. Засега останувам во Македонија, вели таа.

За учебната 2013/14-та година, наградени беа 22 дипломирани студенти, од кои шест се со успех 10.00.

Ппаулина Грнарова од Факултетот за електротехника и информациски технологии, е една од нив. Вели дека планира да продолжи и со докторски студии во Швајцарија.

„На најдобриот универзитет, секогаш студираат најдобрите студенти“ - порача ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски.

Почитувајќи ја речиси седум децениската традиција, со овој свечен чин универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја додели и наградата „26 јули“ на најдобрите студенти од областа на архитектурата, општествените науки, како и наградите од фондацијата „проф. д-р Димитар Стамболиев“.

Александра Перевска