Груевски: 2,258 милиони евра за иновации за 6 месеци

16.09.2015 15:26

Се поттикнува иноваторскиот дух, а со тоа ќе се овозможат и нови вработувања. Досега, според премиерот Груевски од Фондот за 6 месеци се насочени 2 милиона и 258 илјади евра во нови проекти на иноваторите...

Во наредните 3 месеци ќе бидат инвестирани 1,8 милиони евра во нови проекти на домашните иноватори преку Фондот за иновации. Се поттикнува иноваторскиот дух, а со тоа ќе се овозможат и нови вработувања. Досега, според премиерот Груевски од Фондот за 6 месеци се насочени 2 милиона и 258 илјади евра во нови проекти на иноваторите.

„Околу 1,8 милиони илјади евра ќе бидат инвестирани во следните три месеци за иновации наменети за старт ап и спин-оф компании, за комерцијализација на иновациите и за забрзувачи на развојот на иновативните компании. За еден краток период од половина година имаме еден одличен старт на Фондот за иновации“, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Досега, Фондот за иновации објави еден повик со кој беа доделени 458 илјади евра на 16 иновативни компании.