Лековите се безбедни, аптеките генерално ги почитуваат правилата
Агенцијата за лекови на годишнината од основањето даде отчет за сработеното. Зајакната е контролата над аптеките, кои генерално ги почитуваат правилата. Оние кои се огрешиле во работењето добиле клуч на врата...

Лековите во земјава се безбедни и квалитетни, достапни за сите граѓани – тврди регулаторот на пазарот. Агенцијата за лекови на годишнината од основањето даде отчет за сработеното. Зајакната е контролата над аптеките, кои генерално ги почитуваат правилата. Оние кои се огрешиле во работењето добиле клуч на врата.
„Повеќе од 90 отсто од аптеките работат согласно законот, правилата и прописите. Големи неправилности во работењето и комплетно непочитување на законот во однос на шверц со наркотика изминатата година се утврдени во шест аптеки во Скопје, Куманово, Струга, Велес, Тетово и Гостивар кои шест месеци беа затворени и им е поднесена прекршочна пријава“, изјави директорката на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија, Марија Дарковска Серафимовска.
Во аптеките каде се забележани минорни отстапувања од она што е законска регулатива и правилник, укажано е и при повторните контроли.
