НБРМ: Економската активност расте со солидно темпо

16.09.2015 16:02

Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви, иако намалени, се одржуваат на соодветно ниво за справување со евентуални непредвидени шокови...

Економската активност расте со солидно темпо, поддржана од кредитирањето. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви, иако намалени, се одржуваат на соодветно ниво за справување со евентуални непредвидени шокови.

Ова е генералната оценка на Народната банка по одржаната седница на комитетот. Забавувањето на растот на 2,6 проценти во вториот квартал е предвидено со  априлските проекциии, а првичните податоци за август покажуваат натамошен раст на вкупните кредити на приватниот сектор.

Неизвесноста од домашните и надворешните случувања, во прв ред политичката  криза  и ситуацијата во Грција се намалува, но се уште е присутна, па ситуацијата и натаму ќе се следи – уверува монетарната власт.