Земјоделство: Со природни препарати до зголемено производство и квалитет

16.09.2015 17:01

Првиот демонстративен опит со примена на нова технологија на природна база за прихрана на зеленчукот покажа одлични резултатаи. Производството се зголемува за 50 проценти, а производот е далеку поквалитетен и еколошки почист. Од идната година се најавува нова палета на препарати на природна база за заштита од инсекти и болести кај растенијата...

Со примена на најнови прпарати на природна база за прихрана на растенијата до зголемено производство и поквалитетен еколошки производ. Првиот демонстративен опит што беше поставен на девет дектари покажа дека во комбинирањето на редовната заштита на пиперот од типот Куртовска капија со примената на новиот еколошки, природно минерален препарат „Зеофит“, родот е повисок дури за 50 проценти. Сопственикот на парцелата и основач на земјоделска задруга, Благоја Ѓоргиевски вели дека производот веќе е препознаен од откупувачите и смета дека без примена на науката нема напредок.

„Примената на науката си го кажа своето, се гледа по самите растенија, плодовите и зголеменото производство. Сега имаме здрави и конкурентни производи на пазарот“, вели Благоја Ѓоргиевски од земјоделската задруга Дик Фудс.

Опитот стартоваше на почетокот од јули, штом растенијата ја постигнаа минималната лисна маса. Пиперот беше истретиран пет пати во интервали од дест до петнаест дена. Резултатите се очекуваат од ефектите што ќе ги даде препаратот преку магнезиумот и калциумот, велат експертите.

„Калциумот и магнезиумот се основни елементи во развојот на пиперката, помагаат во вегетациониот циклус, отпорноста и производството, сето тоа го добивме со примената на овој препарат“, вели земјоделскиот инженер Ана Велјановска.

„Бенефитот од овој препарат е поголемо производство, подобра боја и цврстина на производот и минимизирањње на болеста трулеж кај пиперката“, вели директорот на АПРЗ Битола, Игор Златков.

Од идната година се очекуваат резултатуте и од поставениот опит врз ресенското јаболко. Производителите на препарати како новина ги најавуваат нова палета на природна база за заштита од болести и инсекти.

 

Стевче Митревски