„Последниот Македонец – патот до истребување“- нов филм за македонската судбина

16.09.2015 17:14

Зошто Македонија пред Букурешкиот договор и меѓу Балканските војни не најде сојузници? Зошто братоубиството е правило, а не исклучок? Одговорите се во „Последниот Македонец – патот до истребувањето“...

Македонија пред Букурешкиот договор и потоа. „Последниот Македонец – патот до истребувањето“ раскажува приказна за разединетоста на револуционерната организација и последиците врз односите меѓу населението. Авторите велат дека ова е филм за проблемот на Македонија со името, идентитетот, црквата и интеграциите. Тој треба да не потсети, за да не се повтори.  

Според продуцентката, Снежана Лупевска Созен, сценариото открива зошто Македонија пред 100 години не станала држава кога соседите добиле независни држави.

Дел од актерската екипа се Рубенс Муратовски, Сашко Коцев, Славиша Каевски, Петар Горко, Биљана Драгичевиќ – Пројковска. Ова остварување е поддржано од Агенцијата за филм, а премиерата е в сабота на фестивалот „Браќа Манаки“.

 

Викторија Милевска