Ирак: Ослободени двајца од киднапираните турски работници

16.09.2015 17:19

Турските работници на 2-ри септември ги киднапира засега непозната група, која неодамна објави видео снимка со работниците и со барања кои Турција треба да ги исполни за тие да бидат ослободени...

Двајца од вкупно 18 турски работници киднапирани на почетокот од месецот во Багдад се ослободени во близина на Басра, на југот од Ирак. Според турскиот амбасадор во земјата, тие се со добро здравје, и велат дека и останатите 16 се добро.

Турските работници на 2-ри септември ги киднапира засега непозната група, која неодамна објави видео снимка со работниците и со барања кои Турција треба да ги исполни за тие да бидат ослободени. На видео снимката објавена на интернет се гледа група од 18 луѓе зад кои стојат вооружени луѓе облечени во црно, припадници на групата Фурак Ал Мавт.

Во заднината се гледа натпис кој вели „Службено за тебе, Хусеин“, и кој покажува припадност на Шиитите. Едно од барањата е Турција да им нареди на бунтовниците во Сирија да ја завршат опсадата на четирите шиитски села на северот од земјата. Исто така било побарано и Турција да го запре приливот на мигранти од својата територија кон Ирак, како и транспорт на украдената  нафта од Крудистан преку турска територија.

Понатаму се истакнува дека доколку Ердоган не ги исполни барањата на групата, на најнасилен начин ќе бидат нападнати турските интереси и агенти во Ирак. Исламска држава инаку во последната година ипол киднапирала десетици турци во Ирак,  но потоа и ги ослободила.

Киднапираните Турци работеле за позната турска градежна фирма, и се киднапирани во Садр Сити, дел од Багдад каде што работеле на изградба на фудбалски стадион. Садр Сити е багдадско упориште на шиитските паравоени сили, противници на сунитските џихадисти.

Марина Автовска