Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево
17.09.2015 08:33
Ќе биде во прекин од 14 до 16 часот, поради изведување градежни работи на патот (минирање)...

Сообраќајот на патот Охрид-Кичево, кај планинскиот превој Пресека-село Врбјани, денеска ќе биде во прекин од 14 до 16 часот, поради изведување градежни работи на патот (минирање).
Автомото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.
