Конференција на началници на ГШ од Јадранската повелба и САД

17.09.2015 09:05

На отворањето на конференцијата ќе се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов...

„Здружените напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите“. е темата на 19-та Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската повелба (А5) и САД, што денеска ќе се одржи во Охрид.
 
На отворањето на конференцијата ќе се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
 
Јадранската повелба е партнерство формирано во 2003 со цел заеднички и координирани активности за што побрзо исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, како и превземање на заеднички иницијативи за градење мир, демократија, стабилност и просперитет во регионот на Југоисточна Европа.