Силен земјотрес и цунами го погоди Чиле
17.09.2015 11:11
Крајбрежните улици во градот Параисо се поплавени, а над милион граѓани се евакуирани...

Силен земјотрес од 8,3 рихтери го погоди Чиле, по што следеше цунами со бранови високи и до 5 метри. Крајбрежните улици во градот Параисо се поплавени, а над милион граѓани се евакуирани.
Според првичните информации, загинале пет луѓе и предизвикана е значителна материјална штета. Епицентарот бил на околу 230 километри северозападно од главниот град Сантјаго, каде што жителите во паника побегнале од зградите што се нишале.
По главниот удар биле почувствувани неколку послаби потреси. Предупредувањето за цунами е повлечено во Перу, Хаваи и за делови од Калифорнија.
