И покрај поволностите од државата, старите занаети заминуваат во заборав

17.09.2015 11:20

И покрај поволностите од државата за занаетчиството, се чини дека многу занаети заминуваат во заборав. Во Ресен има пет ковачки работилници, но во нив работат стари занаетчии, а подмладок нема...

Од она што може да се забележи низ Ресен, лесно е да се констатира дека, дека занаетчиските дуќани се се поретки, а со тоа на некои занаети му се предвидува дури и изумирање на некогаш најценетото нешто занаетот.

И покрај тоа што во моментов, во централното градско подрачје има 5 ковачки дуќани, сепак, се чини дека најлоша судбина, има токму овој, еден од најстарите занаети. Во нив работат ковачи постари од 85 години. Пред многу години, овој занает не само што беше  ценет, туку и многу баран. Нашиот соговорник, кој има 88 години, занаетот  започнал да го изучува од својата 8- ма година, а го работи и ден денес. 

„Го научив од татко ми и го завладеав занаетот како што треба. Сите земјоделски атрикли можам да ги поправам“, вели ковачот Сефедин Камберовски.

И покрај тоа што на некој начин занаетот е модернизиран и привилигиран во однос на давачките кон државата, сепак младите тешко се одлучуваат нивната животна определба и егзистенција, да биде ковачкиот занает, кој некогаш беше златна алка на раката од која добро може да се живее.

„Уште јас вака сум понапреден, можам да ги поправам земјоделските работи, а останатите двајца ковачи се постари од мене“, вели Камберовски.

Големиот напредок на индустриското производство и технологија, сепак остави простор за чеканот, наковалната и огромната и исцрнета рака на ковачот.

 

Сандре Темелковски