Хан: Западниот Балкан е жртва на бегалската криза

17.09.2015 11:28

Австриецот Хан, кој од утре е во дводневна посета на Македонија, оценува дека западниот Балкан е жртва на кризата...

Европската Комисија со најнов предлог за решавање на бегалската криза. Ќе се одвојат половина милијарда евра за Турција за справување со емиграцијата кон Европа.

Сепак, решението за корените на кризата, војната во Сирија не е на повидок. Австриецот Хан, кој од утре е во дводневна посета на Македонија, оценува дека западниот Балкан е жртва на кризата.

„Навистина сум загрижен доколку мојата земја, Австрија и Западниот Балкан станат жртви. Тие не се проблемот, тие се земји на транзит коишто прифаќаат бегалци на јужната македонска граница и деновиве имаат проблем на границата на Србија кон Унгарија. Затоа досега обезбедивме повеќе од 20 милиони евра за Србија, но и за Македонија за да се изградат прифатни центри за да се справат со бегалците. Но, штетата е веќе направена, тоа е недовербата меѓу земјите на Унијата, и второ мислам дека почнуваме повторно да градиме железни завеси во Европа“, изјави еврокомесарот Јоханес Хан.